Euro Colleague
Bucen Kozjak
18. 10. 2017 12:32

Затворена улицата „Ленинова“

Затворена улицата „Ленинова“

 Затворен е дел од улицата Ленинова, поради градежни работи. 

 Без најава граѓаните утринава наидоа на поставени препреки пред некогашниот „Палас“, па сообраќајот се пренасочува кон Стара црква.

Бидејќи и на таа улица се работи подолг период и целата е прекопана и блокирана со паркирани автомобили, сообраќајот се одвива отежнато.

Граѓаните и возачите, нервозно реагираат на ваквата појава и хаосот во градот со раскопаните улици. Бараат да се воведе ред и да се најави затворањето на улиците, за да возчите ги избегнуваат критичните точки.

Дополнителен проблем при свртувањето на улицата претставуваат паркираните автомобили, кои граѓаните ги оставаат каде ќе стигнат.

Затворена улицата „Ленинова“