Bucen Kozjak
09. 08. 2017 15:51

Железничка станица најзапоставена приградска населба, смета ВМРО-ДПМНЕ

Железничка станица најзапоставена приградска населба, смета ВМРО-ДПМНЕ

Никој од жителите на оваа населба не може да се сети, кога последен пат биле посетени од градоначалникот и локалните власти, а притоа да не се работи за предизборен период, обвинува општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„На последните локални избори 2013 година, Дамјановски и тогашниот носител на советничката листа на СДС,  а сега пратеник Максим Димитриевски, ветуваа асфалтирање на улиците „807“ и „812“ и  изградба на тротоар од фабриката „Искра“ до бензинската пумпа „Твинс Петрол“. Но како што знаеме ништо не се реализира од ветените проекти,  а животот во меѓувреме за жителите на Железничка станица, стана уште потежок, - соопштуваат од партијата.

Како посебен проблем со кој се соочуваат граѓаните е тоа што не се приклучени на канализационата мрежа иако редовно плаќаат сметки.