Bucen Kozjak
10. 01. 2017 11:00

Зголемена потрошувачката на вода во градот

Зголемена потрошувачката на вода во градот

Зголемена е потрошувачката на вода во градот од 10-15 отсто, затоа што граѓаните ги оставаат чешмите отворени за да не им замрзне инсталацијата.

Во ЈП „Водовод“ велат состојбата е иста како и минатиот јануари, но ги повикуваат граѓаните рационално да ја трошат водата.

„Да внимаваат граѓаните со потрошувачката на водата, бидејќи на крајот на месецот ќе им дојдат повисоки сметки кои треба да ги платат. Ги повикауваме на овие ниски температури да ги заштитат водомерите кои се на отворено, а доколку дојде до замрзнување да пријават во нашата служба која ќе излезе на терен. Да не преземаат ништо на своја рака за да не направат поголем проблем, - изјави Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод„.

Поради интервенции на водоводната мрежа, денеска привремено без вода ќе бидат:ул. Вера Которка и Вараждинска.

Kvatro
Parking
Bravo
Srecni praznici
Nace Budjoni
stuz
Kvatro
NER