19. 03. 2018 23:01

Жителите на Никола Тесла седум дена без вода, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на Никола Тесла седум дена без вода, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Никола Тесла“ со денови немаат вода поради неодговорното однесување на јавното претпријатие „Водовод“ и локалната власт, обвини ВМРО-ДПМНЕ.


 „Како резултат на постојани дефекти на водоводната мрежа жителите на оваа улица  веќе 7 дена немаат вода. Наместо решавање на проблемот сите бевме сведоци на секојдневните немили сцени на пукната водоводна цевка, која со часови се поправаше од страна на екипите на јавното претпријатие. Многу граѓани ни се јавија да се пожалат за оваа крајно незавидна ситуација, која како да е настаната од елементарна непогода“, - изјави Кристина Николовска од ВМРО-ДПМНЕ, општински комитет Куманово.

Таа побара одговор од ЈП Водовод зошто граѓаните со денови немаат вода, а од градоначалникот Максим Димитриевски кога ќе преземе конкретни мерки за решавање на овој проблем.

stuz
Hristijan Karpos
Garden Cvecara
NER
Parking
Joco Turs
Staro Nagoricane