Euro Colleague
Bucen Kozjak
12. 07. 2016 11:19

Адел ставила на макa персонал на луксузен хотел заради парче пица

Адел ставила на макa персонал на луксузен хотел заради парче пица

Бристанската поп ѕвезда Адел направила озбилна збрка кога од персоналот на луксузен хотел побарала да и донесат пица од ресторан одалечен 70 километри од Лондон пишува "The Sun".

Меѓутоа, ништо не би било толку невообичаено во барањето на младата британска ѕвезда доколку хотелот не ја добил нарачката неколку сати одкако работното време на пицеријата истекло. Како пишува "The Sun", иако менаџерите на хотелот ја уверувале Адел дека нивната кујна е во ранг на најдобрите, поп ѕвездата останала непопустлива во желбата да јаде парче пица од својата омилена пицерија во Кенсингтон.

На крајот, персоналот на хотелот се потчинил на барањето на ѕвездата, па храната по четири сати од нарачката пристигнала на адреса на хотелот. И баш кога приказната требала да добие среќен крај, Адел ја заборавила својата нарачка и едноставно заспала.

Фото:www.naij.com