Bucen Kozjak
08. 12. 2016 14:46

„Челик бенд„ ја промовираше песната „Кумановски зет“

„Челик бенд„ ја промовираше песната „Кумановски зет“

Кумановскиот група „Челик бенд„  завчера го промовираше спотот за песната „Кумановски зет“, со која одбележа три години постоење и успешна работа.

Промоцијата се одржа во ресторанот Центропалас во Куманово, а настанот го водеше ТВ водителката Милена Антовска.

Музиката е на Гоце Нанов, текстот го напиша Орце Зафировски а аранжманот е на Ангел Косев. Песната е на кумановски дијалект. Предходната песна беше „Невеста убава“, сега ја имаме „Кумановски зет“, веројатно следна песна ќе бидне за деверот. Им благодарам на момците од „Челик бенд„ за овие прекрасни три години на соработка, во кои развеселивме многу срца и свиревме на многу веселби, - изјави Митрички пред присутните.

Спотот е снимен во комплексот Етно село и во центарот на Куманово, а го изработи ТВ Плус.

Членови на бендот се Бојан Стојановски – вокал, Ангел Глигоров – виолина, Гоце Нанов – кларинет и саксофон, Никола Стојмановски – соло клавијатура, Александар Митрички – бас клавијатура и Ивица Андоновски – тапани.

„Челик бенд„ ја промовираше песната „Кумановски зет“