Bucen Kozjak
28. 07. 2016 17:47

„Ки“ во финалето на „Демофест 2016“

„Ки“ во финалето на „Демофест 2016“

Македонскиот електроарт-бенд "Ки" од Куманово влезе во финалето на најпрестижниот балкански фестивал за демобендови, "Демофест", и настапи заедно со другите 11 финалисти на тврдината Кастел во Бања Лука.

По две и пол години поминати во студио, навистина понесува енергијата што ја споделивме со публиката овде, изјави пејачот и гитарист Александар Краљевски по прогласувањето на финалистите.

Во бендот, покрај Краљевски, членуваат и Марко Петровски - бас-гитара, Милош Краљевски - тапани и Даме Јовановски - клавијатура, сајзер, а е основан кон крајот на минатата година. За светскиот звук на бендот придонесува и Марко Николовски - диџеј, кој во сопствен аранжман бележи успех и на европската сцена."Ки", чија музика е надополнета и со поигрување на музичките жанрови, но и со автентични текстови, в година планира да го издаде својот прв албум.

"Демофест" се одржува по 9. пат, а се смета за најдобро организиран фестивал од ваков тип во регионот, со одлични можности за младите бендови. Победникот ќе биде награден со снимање и продукција на албум во висина од 5.000 евра, додека второпласираните и третопласираните добиваат бинска опрема во вредност од 2.000, односно 1.000 евра.




Nace Budjoni
Ghetaldus
Tv Plus
Zafir Sajto
Zafir Sajto
Level
Parking
Kvatro
NER
Srecni praznici
stuz
Bravo