Euro Colleague
Bucen Kozjak
12. 10. 2016 14:42

Мартија ќе ја пее „Љубовта не води„ на детски Евросонг

Мартија ќе ја пее „Љубовта не води„ на детски Евросонг

  "Љубовта нè води" е песната со која нашата сограѓанка Мартија Станојковиќ ќе ја претставува Македонија на годинашниот јуниорски Евросонг, кој ќе се одржи на 20 ноември во Валета, Малта.

Автор и продуцент на песната е Александар Масевски, а видеоспотот е во режија на Александар Ристовски-Принц.

"Голема благодарност до сите инволвирани во реализацијата на овој мој прв соло-проект: Македонската радио-телевизија (МРТ) за довербата што ми ја даде избирајќи ме да ја претставувам Македонија, потоа Александар Масевски, авторот и продуцент на оваа прекрасна песна, Ивана Андоновска-Свилар, мојата менторка по пеење, за нејзината поддршка, кореографот Александра Димитриевска и сите членови на клубот за модерни танци "Ултра" за одличната кореографија, Александар Ристовски-Принц за убавиот и кул видеозапис и стилистката Ива Спасовска за модерниот и оригинален изглед",- изјави Мартија.

МРТВ ја избра 12-годишната Мартија за македонски претставник на детскиот Евросонг откако во минатата сезона од регионалното музичко шоу "Пинк ѕвездички" во Белград стекна голема популарност и го освои второто место.