Bucen Kozjak
06. 10. 2017 14:22

Мартинијан вечерва настапува на Макфест

Мартинијан вечерва настапува на Макфест

Вечерва се одржува втората вечер на Макфест, а свој настап ќе има и кумановецот Мартинијан Кириловски кој ќе се претстави со песната Дождови.

Музиката и аранжманот на оваа композиција е на Магдалена Божиновска Стојанова, додека текстот е на Елизабета Краљевски.

Вчера се одржа првата фестивалска вечер каде што најмногу гласови собраа Зоран Илиев и српската пејачка Анабела со песната „Од утро до вечер“.

За влез во финале можете да гласате со праќање на порака со текст 09 на број 141 730 во моментот кога ќе почне гласањето. ТВ пренос на втората полуфинална вечер ќе има на МРТ- Собраниски канал со почеток од 20:30.