Bucen Kozjak
28. 09. 2017 09:25

Нов албум и турнеја на кумановскиот бенд KHARA

Нов албум и турнеја на кумановскиот бенд KHARA

Кумановската рок група KHARA издаде нов, втор по ред албум.

На ова издание се наоѓа материјалот снимен за потребите на документарниот филм EXILE 2.0 на францускиот режисер Феликс Брасиер. Албумот официјално излезе на 24. септември и за сега е достапен само дигитално, може да се преслушува Youtube, а на крајот на октомври ќе биде достапен и на аудио касета, - соопштуваат од групата.

Албумот е сниман и продуциран во ММ Студио од Милош Краљевски, а дизајнот за омотот го направи Никола Радуловиќ.