Bucen Kozjak
06. 09. 2016 16:52

Одличен концерт со многу квалитетна музика

Одличен концерт со многу квалитетна музика

Уште едно одлично издание на фестивалот на дувачки оркестри „Рома труба фест“ имаа можност да видат синоќа посетителите на градскиот плоштад во Куманово.

И покрај невремето и поројниот дожд, кој го зафати градот и го одложи почетокот за половина час, најдобрите трубачи од земјава и регионот дадоа се од себе и ја оправдаа довербата со 4 часовен концерт.

Манифестацијата ја отвори оркестарот на „Агушеви Џамбо“ и Мите Стоилов со химната на Ромите „Џелем, Џелем“, а потоа настапија и пејачките Мартија Станојковиќ и Стојне Николова, со по неколку песни.

„Голем предизвик беше за мене беше да ја пејам химната на Ромите и навистина сум задоволен од публиката и самата сцена. Ова е нешто ново за мене и прва пат настапувам со блех оркестар, но за мене како млад пејач беше чест да се бидам со вакви искусни музичари и на ваков фестивал, - изјави Мите Стоилов.

   Оркестарот на Џамбо Агушев на „Рома труба фест“ учествува од неговото отворање. Виртуозните мајстори на труба се претставија со репертоар од балканска, српска, македонска и своја музика, која ја свират на настапите низ светот и ја воодушевија публиката.

„Презадоволен сум од Куманово како и секогаш. Позитивна атмосфера и многу квалитетна музика. Јас сум од самиот почеток на фестивалот и го следам неговиот развој. Првата година кога започнавме бевме 4 оркестри. Оваа вечер се 8 -9, тоа само покажува дека секоја година фестивалот станува се посодржаен и поквалитетен. Во Македонија има многу добри оркестри и трубачи и овој фествал е шанса да покажат на сцена колку можат да бидат добри во музиката и покрај тоа што не се школувани музичари, - изјави Џамбо по настапот.

Како вечерта одминуваше атмосферата се загреваше, а на сцената се менуваа оркестрите на „Саша Павловиќ“ од Пирот, „Дарко Станковиќ“ од Сурдулица со солистот Христијан Трајковиќ од Сурдулица, овогодишен добитник на признанието најдобар трубач на Гуча, „Исидор Зечевиќ“ од Бојник, “Уска Кан Кантуров“ од Берово, „Кемал Асанов„ Струмица, “Млади таленти“ од Штип и Ферус Мустафов. Стотина трубачи на сите возрасти даваа се од себе да се претстават на најдобар можен начин и да добијат што поголем аплауз. Публиката не ги штедеше дланките и играше во ритамот на музиката.

„Овае наше прво учество на фестивалот. Браво за организаторите, преполни сме со позитивни впечатоци. Ние се претставивме со сплет од наши композиции и традиционална народна музика од Србија. Постојат сличности со фестивалот во Гуча, а тоа е пред се дружењето со оркестрите. Се почнува од дефилето, па подготовките пред настап до излегувањето на бина кога се соочувате со публиката и првиот аплауз. Музиката е универзална, но сепак се разликува. И во Србија се разликува од еден до друг крај во начинот на изведувањето, така да постои и разлика и помеѓу Македонија и Србија во начинот на свиеењето, а во суштина се е многу слично. Ние како музичари тоа лесно го препознаваме, еве, вие ја имате „Македонско девојче“, а ние „Ој девојче пироќанче“,- вели Марио Павловиќ од оркестарот на „Сашо Павловиќ„ од Пирот.

Фестивалот од пред две години е со ревијален, а предходно беше натпреварувачки. Организаторите го смениле карактерот, заради поголемо дружење и омасовување на фестивалот.

 „Сите на крај ќе добијат статуетка со логото на фестивалот и награди од спонзорите. Времето малко го расипа почетокот на манифестацијата, но понатаму се тргна во добар правец и направивме одличен концерт. Македонија има одлични оркестри, доколку државата и општината обезбедат повеќе пари, овој фестивал може да прерасне во меѓународен и да трае неколку дена, да има повеќе учесници. Имаме многу музичари и трубачи и подобри од Србија, затоа треба да се вложува во вакви манифестации - смета уметничкиот директор на фестивалот Ферус Мустафов.

 

Организатор на „Рома труба фест„ е ансамблот на ромски народни песни и игри „Рушит Шакир“ од Куманово.

 „Ова е единствена манифестација од ваков вид во државата и сакам да им се заблагодарам на сите што со години ни даваат подршка да истраеме и да опстоиме во нејзино организирање. Се надевам дека догодина манифестацијата ќе трае повеќе денови и со повеќе оркестри, не само од Македонија и Србија, туку и од целиот Балкан“, - изјави Самет Салиевски, директор на фестивалот.

 Пред почетокот на концертот се одржа дефиле на оркестите по градските улица. Фестивалот се одржува под поткровителство на општина Куманово и со подршка на Министерството за култура.

Одличен концерт со многу квалитетна музика



Nace Budjoni
Ghetaldus
Tv Plus
Zafir Sajto
Zafir Sajto
Level
Parking
Kvatro
NER
Srecni praznici
stuz
Bravo