Bucen Kozjak
05. 09. 2016 10:12

„Рома труба фест“ вечерва на градскиот плоштад во Куманово

„Рома труба фест“ вечерва на градскиот плоштад во Куманово

Меѓународниот фестивал на дувачки оркестри „Рома труба фест“, вечерва во 19.30 часот ќе се одржи на градскиот плоштад Куманово.

На фестивалот ќе учествуваат оркестрите „Агушеви“ од Струмица, „Дарко Станковиќ“ од Сурдулица, „Исидор Зечевиќ“ од Бојник, „Саша Павловиќ“ од Пирот, “Уска Кан Кантуров“ од Берово, „Кемал Асанов„ Струмица, “Млади таленти“ од Штип и Ферус Мустафов. Гости ќе бидат пејачите: Стојне Николова, Мите Стоилков, Мартија Станојковиќ и Горан Кукиќ.

Ѕвезда на вечерта ќе биде оркестарот на Џамбо Агушеви, еден од најдобрите светски трубачи и Христијан Трајковиќ првата труба на Гуча победникот во 2016 година. Химната „Џелем, Џелем„ ќе ја пее Мите Стоилов, годинешниот победник на Пикн звезди.

Со цел да ја анимираат публиката, организаторите ќе организираат дефиле по улиците во централното градско подрачје на Куманово од 16 до 17 часот.

Организаторите планираат од нередната година фестивалот да трае неколку дена, по примерот на српскиот фестивал во Гуча, бидејќи имало голем инетерс за учество на оркестрите како и на публиката.

Фестивалот е со ревијален карактер а го организира ансамблот „Рушит Шакир“. Се одржува под поткровителство на општина Куманово и со подршка на Министерството за култура.

Kvatro
Parking
Bravo
Srecni praznici
Nace Budjoni
stuz
Kvatro
NER