Euro Colleague
Bucen Kozjak
07. 07. 2016 11:05

Спајс Грлс испланирале голем концерт

Спајс Грлс испланирале голем концерт

Мел Би, Ема и Гери Халивел веќе букирале датум за голем концерт, а наводно ќе им се придружи и Мел Си и Викторија Бекам.

Предходната недела поранешните, а изгледа и сегашните членови на групата Мел Би, Ема и Гери се состанале и закажале датум за големиот концерт во Хајд Паркот, кој ке биде одржан следниот јули, пишува The Sun.

Набрзо се појавила и информација дека ке им се придружи и Мел Си и Викторија Бекам, иако Викторија неколку пати изјавила дека нема повеќе да се враќа во групата.

Фото:www.metrolyrics.com