Bucen Kozjak
27. 08. 2016 11:55

Започна Меѓународниот тамбурашки фестивал во Куманово

Започна Меѓународниот тамбурашки фестивал во Куманово

 Со настапот на групата „Трио Гранде Плус“ од Кавадарци и специјалниот гостин Бубо Каров, синоќа беше отворен 12. Фестивал на тамбурата во Куманово.

Во продолжение на програмата пред публиката, се претставија и кумановската група „Амадеус“ и Игор Васиљков, градскиот тамбурашки оркестар „Бранко Радичевиќ“ од Рума, Србија и ансамблот „Здравко Ќосиќ“ од Бања Лука.

Меѓународниот тамбурашки фестивал за отворен го прогласи градоначалникот Зоран Дамјановски.

Вечерва на втората вечер, со сплет на македонски песни обработени во тамбурашки аранжмани ќе ја започнат домаќините „Наши тамбураши“ и Нино Величковски со специјалните гости Ивона Јовановиќ и Мартинијан Кириловски, а вториот дел ќе биде посветен на словенечката музика преку настапот на тамбурашки оркестри „Шмартно„ од Литија и „Цирковце„ од Цирковце, Република Словенија.

Фестивалот се одржува под покровителство на општината Куманово и подршка на Министерството за култура.